List of active policies

Name Type User consent
Известување за приватност Site policy Authenticated users

Summary

   

Full policy

Известување за приватност

British Council е контролор на личните податоци што ги доставувате за целите на учеството во онлајн-обуката за наставници во рамките на проектот „Училишта на 21 век – фаза II“, како и за целите на следење и евалуација на обуката. Ова значи дека British Council е одговорен за утврдување на начинот на кој вашите лични податоци се собираат, користат, чуваат и обработуваат.

Правната основа за обработка на вашите лични податоци е извршувањето на договорот склучен со Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија и Македонски Телеком АД, кои го кофинансираат проектот.

За наведените цели, вашите лични податоци може да бидат споделени со:

  • консултанти ангажирани од British Council, кои постапуваат како обработувачи на лични податоци за целите на подготовка на извештаи за обуката и спроведување на евалуацијата;
  • Бирото за развој на образованието на Република Северна Македонија, на чија Moodle-платформа се спроведува обуката.

Освен за наведените цели, вашите лични податоци нема да бидат споделувани со трети лица надвор од British Council без соодветна правна основа или без ваша изречна согласност, кога таа е потребна.

По завршувањето на обуката, вашите лични податоци ќе бидат безбедно пренесени и чувани во заедничките електронски датотеки на British Council.

7 години
чување на личните податоци од завршувањето на проектот
10 години
чување на извештаите за евалуација на обуката

Вашите права во врска со обработката на личните податоци

British Council ги обработува и ги заштитува вашите лични податоци во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци, вклучително и Законот за заштита на податоците на Обединетото Кралство од 2018 година, Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) и Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, како и другите применливи прописи и меѓународно прифатени стандарди за заштита на податоците.

Имате право да побарате пристап до личните податоци што ги поседуваме за вас, како и исправка на неточните или нецелосните податоци.

За остварување на вашите права во согласност со Законот за заштита на податоците од 2018 година и GDPR, можете да нѐ контактирате преку адресата IGDisclosures@britishcouncil.org.

За дополнителни информации за вашите права, начинот на поднесување приговор и начинот на кој ги обработуваме личните податоци, посетете го одделот „Приватност“ на интернет-страницата на British Council: www.britishcouncil.org/privacy.

Потврда на учесникот

Пред да пристапите до обуката на Moodle-платформата, потребно е да потврдите дека сте го прочитале и разбрале ова Известување за приватност и дека сте согласни со опишаниот начин на обработка на вашите лични податоци.

Потврдувам дека го прочитав и го разбрав Известувањето за приватност, дека сум запознаен/а со начинот на кој British Council ќе ги собира, користи, чува и споделува моите лични податоци за целите на моето учество во обуката, како и за следење и евалуација на обуката, и дека сум согласен/на со обработката на моите лични податоци на начинот опишан во ова Известување.